| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

08.11.2017

Браво деца: Експлозија за голема победа

Македонија (У-19) ја победи Швајцарија со 2:1, и тоа со головите на Трајановски и Атанасов, гостите водеа на полувреме. Голманот Стефковски во 84. минута со супер одбрана ја спаси нашата победа

Македонија (У-19) со 2:1 ја победи Швајцарија во првиот меч од квалификацискиот турнир за ЕП што се одржува во Скопје. Велиме експлозија зошто за само пет минути Трајановски со убав шут со глава и Атанасов од пенал, во 56. и 61. минута успеа да направат пресврт со оглед на тоа дека гостите водеа со 1:0 со голот на Угриниќ во 31. минута. Во првиот дел не бевме на ниво, премногу неточни додавања, но затоа во второто полувреме одигравме навистина квалитетно. Имавме шанси и за уште некој гол.
Сепак треба да се каже дека во 84. минута нашиот голман Стефковски успеа да ја одбрани нашата победа, откако одбрани зицер удар на гостинскиот напаѓач Буркарт.
Во вториот меч од нашата група Белгија со 3:0 го победи Лихтенштајн.



Датум: 08.11.2017, 14:57
Статијата е прочитана 3856 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense