| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

04.05.2017

Евертон го „скаутираше“ Несторовски

Скаути од тимот од Ливерпул биле на стадионот „Ренцо Барбера“ и ја следеле играта на македонскиот репрезентативец и член на Палермо.

Англискиот тим Евертон во неделата имаше свои скаути на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо, каде што домашниот тим го совлада тимот на Фиорентина. Меѓудругите, тимот од Ливерпул ја следеше играта на Илија Несторовски. Македонецот одигра солидни 82. минути по што ја напушти играта поради ситна повреда. Евертон му „фрли око“ на нашиот голгетер, а покрај сите, ја следел играта и на Милан Бадељ од Фиорентина кој што исто така е меѓу „таргетите“ на англиската екипа.
Евертон одамна има интерес за Несторовски, а се шпекулира со сума од 20 милиони евра која Англичаните се подготвени да ја платат за да го видат голгетерот на „Гудисон“. Тој треба да биде замената за Ромело Лукаку кој што е пред заминување од „сините“ од Ливерпул.


ПАЛЕРМО ГО ПРОДАВА

Со оглед дека веќе е на добар пат кон Серија „Б“, Палермо ќе го продаде својот најдобар голгетер за да заработи нешто на него, и следната година со нови сили да се бори да се врати во италијанската „елита“. Токму од тука тимот од Сицилија ќе се обиде да извлече што е можно повеќе за обесштетување за Несторовски. Ако не 20, барем околу 15 милиони евра, со оглед дека го купи за помалку од еден милион во летниот трансфер преоден рок.



Датум: 04.05.2017, 13:34
Статијата е прочитана 1591 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense