| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

28.06.2018

Ал Ахли подготвува тандем Јаховиќ – Асамоа

Напаѓачот во игра за тимот од Дубаи

Тимот на Ал Ахли од Дубаи која важи за голем фудбалски двигател на нештата на блискиот исток, посакува во својот тим да го доведе нашиот Адис Јаховиќ. Голгетерот на Гезтепе и македонски интернационалец е во фокусот на многу клубови летово со оглед на неговата голгетерска серија минатата сезона, а според турските медиуми Ал Ахли посакува да го состави тандемот, Јаховиќ – Асамоа. Интернационалецот на Гана е главниот играч на тимот од Дубаи, и клубот очигледно му бара адекватен партнер во нападот, на некогаш големата звезда на Сандерленд, Рен и Удинезе. Во меѓувреме Гезтепе и натаму не сака да слушне да го пушти Јаховиќ и ги одби досегашните понуди за нашиот напаѓач.



Датум: 28.06.2017, 11:39
Статијата е прочитана 371 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense