| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

03.11.2017

Имало и „послаби“ од Вардар во ЛЕ!?

Се мачевме да најдеме барем во еден сегмент кој тим има полош биланс од вардарци во ЛЕ, и конечно најдовме. Тоа е Макаби Тел Авив, кој во изминатите четири кола нема постигнато гол, но има еден бод

Вардар е очаен во настапите во групната фаза во Лигата на Европа. Четири одиграни кола, четири порази. Не само тоа, во сите сегмнети билансот е катастрофален, да не говориме дека има примено дури 17 голови, во просек тоа по 4 и повеќе на секој меч. Се мачевме да најдеме барем во нешто да не е најслаб, и замислете успеавме. Имено Макаби Тел Авив во „А“ групата нема постигнато гол на ниту еден меч, но затоа има еден бод. Да потсетиме дека Вардар има еден гол, оној во Трондхајм кај Розенборг. Останатите биланси се ужасни. Само Вардар нема освоено макар еден бод, само Вардар успеал да прими 17 голови, само Вардар....
Нема што, оваа европска есен Вардар и неговите фанови но и сите љубители на фудбалот ќе ја паметат само по лошо.



Датум: 03.11.2017, 10:54
Статијата е прочитана 2181 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense