| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

24.03.2017

ПАУРИЧ: Македонија ги има Пандев и Несторовски

„Секако дека Македонија е во предност. Па во таа репрезентација играат покрај другите и Горан Пандев и Илија Несторовски“, вели предводникот на домашната селекција


Ништо необично кога станува збор за селекцијата на Лихтенштајн. Имено, најслабата репрезентација во нашата „Г“ група за СП 2018 во Русија, вечерва ќе и биде домаќин на Македонија.
Рене Паурич, некогашниот фудбалски репрезентативец на Австрија, а сега селектор на Лихтенштајн, вели дека нема потреба од премногу коментари околу тоа кој е кој на оваа средба.
„Секако дека Македонија е во предност. Па во таа селекција играат  еден Горан Пандев, секако дека тука е Илија Несторовски. Фудбалери кои јас посебно ги ценам и затоа сметам дека гостинот е голем фаворит на овој натпревар. Ние имаме проблеми со суспензии, повреди и слично и затоа не ќе можам да сметам на сиот свој играчки потенцијал. И кога е така тогаш ние ќе играме со играчи кои важат за помлади, се надевам дека тие ќе го дадат својот максимум и дека ќе се обидеме да изненадиме со добар реузлтат за нас“, вели Паурич.

НЕ ЗАСЛУЖУВААТ НУЛА БОДОВИ
За тамошните медиуми Рене Паурич го додаде и следното...
„Во изминатиот период подготвувајќи се за овој натпревар имав можност да гледам неколку натпревари на Македонија, посебно за тие во нашата група. Слободно можам да кажам дека Македонија никако не заслужи да има нула бодови од изминатите четири меча. Па со Албанија беше подобра и заслужи победа. Сите знаат на кој начин загубија од Израел и Италија, навистина Македонија поседува квалитет. Додека на мечот со Шпанија нема што многу да се коментира. Фуријата е посебна димензија и убедливо најсилен тим во нашата група“, заврши стратегот на Лихтенштајн.



Датум: 24.03.2017, 11:36
Статијата е прочитана 1010 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense