| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

03.03.2017

Нестор е фит, ќе игра со Торино

Денешниот тренинг Несторовски го издржа без проблеми и сигурно е дека ќе го предводи нападот на Палермо на неделниот меч со Торино

Нема место за паника кај фановите на Палермо но и кај селекторот на нашата најдобра репрезентација Игор Ангеловски. Илија Несторовски, најдобриот фудбалер на Палермо е здрав, денеска го издржа тренингот и секако дека ќе биде во комбинација за неделниот меч со Торино во истоимениот град во рамките на 27. коло во Серија А. Велиме добра вест зошто вчера Несторовски поради ситна повреда на десното колено не работеше со останатите фудбалери на Палермо, но сега се е во ред и тој би требало да биде ударната игла на тренерот на сицијанците Диего Лопез за тешкото гостување кај Торино.
Ова значи и грижа помалку за нашиот селектор Ангеловски кој има и тоа како проблеми пред мечот со Лихтенштајн ако се знае дека Енис Барди се повреди а Езџијан Алиоски не може да игра поради картони.



Датум: 03.03.2017, 20:05
Статијата е прочитана 1039 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense