| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

14.05.2017

Работнички извлече бод во соседско дерби

Силјановски во 88. минута постигна убав гол за израмнување и за конечни 2:2 на мечот Работнички - Вардар

Вардар двапати водеше, Работнички двапати израмнуваше и на крај резултат од 2:2 на соседското дерби бр.58. Џигаури и Барсегјан беа стрелци за шампионот а Садики и Силјановски за поделба на пленот на овој меч.
Победа сосема очекувано успеа да дојде до трите бода на гостувањето кај Брегалница и со тоа си ги зголеми шансите за директен опстанок.
Ренова со многу мака го победи Силекс со 1:0 и тоа со голот на Велинов во меч со многу шанси за голови и на двете страни.
И во Ѓорче фаворитот Шкендија со 3:2 ги победи „лавовите“ на нивни терен.

РЕЗУЛТАТИ - 33. КОЛО
РАБОТНИЧКИ - ВАРДАР 2:2
МАКЕДОНИЈА ЃП - ШКЕНДИЈА 2:3
РЕНОВА - СИЛЕКС 1:0
БРЕГАЛНИЦА - ПОБЕДА 1:2
ВЧЕРА
ПЕЛИСТЕР - ШКУПИ 1:0

ТАБЕЛА
1. Вардар 76 бодови, 2. Шкендија 65, 3. Работнички 53, 4. Пелистер 51, 5. Ренова 48, 6. Силекс 42, 7. Победа 35, 8. Шкупи 33, 9. Брегалница 21, 10. Македонија ЃП 19 бодови



Датум: 14.05.2017, 18:32
Статијата е прочитана 954 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense