| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

08.12.2017

Вардар не може да „здивне“: Вчера тежок меч, денеска тренинг...

Додека многуте тимови се веќе на пауза, Вардарци продолжуваат во пеколен ритам и се подготвуваат за следните три меча


Настапот во групите во Лигата на Европа си има свој бенефит за Вардар, но исто така не го остава шампионот да „здивне“. Откако синоќа имаа тежок меч со Розенборг кој што одзеде многу енергија од играчите, момците на Чедомир Јаневски денеска мораа да тренираат за да се подготвуваат за престојниот неделен натпревар против Академија Пандев. А, Вардарци во првенството веќе немаат право на нов „кикс“ ако сакаат да останат „едноцифрено“ до Шкендија.

Оние кои вчера настапија имаа полесен тренинг, додека за другите беше вообичаено. Покрај сето ова, „црвено-црните“ имаат проблеми со составот. Ќе го нема поради повреда Брдаровски и Хамбарџумјан. Заморот и повредите ќе значат дека Јаневски одново ќе мора да „ротира“ и да бара алтернативи за заморените играчи. Веројатно составот ќе се разликува од дуелот со Розенборг.

Натпреварот со Академија Пандев се игра во недела во 13 часот на „Арената“.



Датум: 08.12.2017, 20:17
Статијата е прочитана 1218 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense