| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

18.10.2017

На поправен против Босанците

Селекцијата од 18 години денеска ќе го одигра вториот пријателски меч во Зеница

Денеска со почеток од 15 часот, на стадионот во Зеница, македонската репрезентација до 18 години, на чело со селекторот Добринко Илиевски, ќе го одигра вториот од двата планирани пријателски меча против домашната Босна и Херцеговина. На првиот што се одигра во вторникот, не се покажавме во најдобро светло, загубивме со 3:0, и тоа, секако, треба да биде мотив повеќе денеска да се поправиме во секој сегмент од играта.
За овој двомеч, селекторот Илиевски се одлучи да повика играчи претежно од домашниот шампионат, а тука се присутни уште и „Австралиецот“ Џејми Перчевски и Анес Османиски од германскиот Унерахинг. Ова е, секако, генерација фудбалери кои се, што се вели, помеѓу два квалификациски циклуса, односно кои настапија за У17-репрезентацијата, а следната година би играле за У19.



Датум: 19.10.2017, 10:59
Статијата е прочитана 662 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense