| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

30.05.2017

Ангеловски ги „прозиваше“ националите (ФОТО)


Нашите најдобри фудбалери денеска точно напладне со собраа и ги почнаа подготовките за пријателската средба со Турција (5 јуни) и квалификациската со Шпанија (11 јуни)


Без неколкумина кои се уште имаат клупски обврски но и без оние кои добија 2-3 слободни денови, нашата најдобра репрезентација ги стартуваше подготовките за дуелите со Турција и Шпанија.
„Се собравме денеска но некои фудбалери отсуствуваат од оправдани причини. Знаеме дека овој собир не е ФИФА термин и затоа очекуваме од 3 јуни да бидеме комплетни. Моментално со нас нема да бидат Ристовски, Жута, Алиоски, Пандев, Несторовски. Тие што се од нашата лига се тука но утре ќе добијат слободно да одиграат за своите клубови. Засега нема никакви проблеми со повреди и верувам дека така и ќе остане“изјави селекторот Игор Ангеловски на собирот на нашата најдобра репрезентација.


 



Датум: 30.05.2017, 13:20
Статијата е прочитана 5332 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense