| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.10.2017

НЕ СЕ ИГРА ФУДБАЛ НА СТАРА СЛАВА

 


*Реал Сосиедад не е ништо посилен и помоќен од Фенербахче. Проблемот е кај нашиот првак кој е очаен и слаб во однос на оној летен Вардар кој газеше се пред себе

Играме во Лига на Европа и толки. За тоа ли беше таа историја, таа сензација за која зборуваше цела Европа!? За вакви очајни и мизерни игри во групната фаза. Напишаа историја и заспаа! Застанаа, се задоволија... А не размислуваат дека сега се во кремот и дека тука треба да се уште посилни. Не е проблемот во тоа дали Зенит, Розенборг или вечерва Реал Сосиедад се многу силни. Силен беше и Фенербајче и Малме па и Копенхаген. Но овој Вардар не личи на себе. Овој Вардар е послаб од оној кој во летните месеци беше хит во регионов. Далеку е оваа игра од игра за во групна фаза од Лигата на Европа.

Што се случи Вардаре!? Од стара слава не се живее. Фудбалот е опасна работа која не трпи експерименти. Точно! Силни се но да се губи на ваков мизерен начин, на ваква игра без душа. Станавме „топовска храна“ за ривалите. Клуб со најмногу примени голови по само три кола. Почнавме со пет парчиња дома од Зенит, три кај Розенборг и еве сега рекордните 0:6 од Реал Сосиедад. Има и порази кои се за оправдување но ваквите се за критика. Разбудете се! Сите со децении чекавме ваков успех а кога го имаме сега се разочаруваме. Никој од вас не бара следна фаза - но се бара добра игра, убав фудбал за очи и храбар Вардар. Ова не личи на ништо....!

И за крај. Во Лигата на Европа играат и тимови слични на Вардар. Eте еден Eстерсунд вечерва имаше победa над Атлетик Билбао, но гостите извлекоа 2:2. Швеѓаните кои се три класи послаби од Малме, а го препотиjа Атлетик кој е закон за Баскија во однос на Реал Сосиедад. Ова е доказ дека проблемот е кај нас. Во нашите глави...




Датум: 19.10.2017, 21:15
Статијата е прочитана 3155 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
23.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense