| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

13.04.2017

Хамбарѕумјан, сепак, ќе треба „под нож“?

Ерменецот уште чувствува болки во коленото, и покрај тоа што лекарските прегледи покажаа дека не е ништо сериозно. Веројатно ќе треба да се прави операција


Ерменскиот интернационалец и еден од најдобрите играчи во нашата Прва лига Хофханес Хамбарѕумјан, веројатно, ќе мора да оди на операција. Ова е извесно откако десниот бек се пожалил на болки во коленото, и покрај тоа што лекарските прегледи не покажаа сериозни оштетувања. Хамбарѕумјан дури конкурираше во составот за дуелот со Ренова, меѓутоа остана на клупата. Сепак, Ерменецот и натаму не е целосно „фит“ па од тука не може да даде максимум за екипата. Деновиве дополнителните прегледи ќе покажат дали ќе треба да оди „под нож“, но, веројатно, тоа е единственото решение за да се врати во екипата.
Хамбарѕумјан и во текот на есенскиот дел од сезоната беше повреден. Имаше повреда на препоните поради која паузираше извесен период, па може да се каже дека во овој шампионат е далеку од она што беше во изминатите два кога тој и уште неколку играчи го носеа Вардар кон титулата. Меѓутоа, и покрај неговото отсуство, еве на Вардар добро му оди и веќе е на пат кон нова титула.

ПРВО НИШТО, НО ЌЕ МОРА НА МАЛ ЗАФАТ
По обврските со националниот тим на Ерменија, Хамбарѕумјан заминал на прегледи во Германија, кои не покажаа сериозни оштетувања. Му рекоа дека ќе мора да паузира десетина дена и да се врати. И тој беше во конкуренција, почна со тренинзи, но болките се вратија и сега новите прегледи ќе покажат дали треба да оди, меѓутоа целокупната ситуација води кон тоа да прави мал зафат кој ќе ја санира повредата.

*Повеќе во денешното печатено издание на „Македонски спорт“.



Датум: 13.04.2017, 16:59
Статијата е прочитана 1183 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense