| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

09.08.2017

Јилдирим: Победивме дваесетина клубови за Елмас

Првиот човек на Фенербахче гордо изјавува пред турската јавност

Се знае кој е Азиз Јилдирим во светскиот и во европскиот спорт. Тоа е човекот кој е 52. претседател на спортското друштво Фенербахче, еден од најголемите спортски брендови ширум светот. Неговото мислење исклучително се цени. Па така, при гостувањето на една телевизија во Турција, Јилдирим изјави дека е исклучително задоволен од фактот што Елиф Елмас е нов член на тимот на Фенербахче и дека тој е еден од идните ѕвезди на клубот.
„Многу клубови беа заинтересирани за Елмас. Доколку не грешам, а мислам дека не грешам,  22-25 клуба во Европа сакаа да го доведат Елмас. Од Ајакс, преку Манчестер сити, па сѐ до Херенвен. Но тој го избра Фенербахче, за што сме исклучително среќни и задоволни“, изјави Јилдирим.



Датум: 09.08.2017, 19:26
Статијата е прочитана 2258 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense