| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

28.03.2017

Пандев и другарите ја „смачкаа“ Белорусија со 3:0 (ВИДЕО)

Спировски ги „отвори“ гостите во првиот дел, следуваа двата гола на нашиот капитен за убедлив триумф од 3:0. Од денеска Чурлинов со 16 години и 8 месеци е нашиот најмлад фудбалер во историјата кој заиграл за „А“ селекцијата

Македонија - Белорусија 3:0. Тоа е епилогот на пријателската средба на која нашата репрезентација одигра квалитетно, во текот на целиот меч доминираше и успеа ја „смачка“ селекцијата на Белорусија. Инаку ова е прв пат по 3.5 и повеќе години нашата најдобра селекција да врзе две победи по ред, тука го сметаме и триумфот во петокот над Лихтенштајн.
Стефан Спировски постигна гол за водство во 40. минута, потоа следуваа двата гола на Пандев во 61. и во 70. минута. Прво на капитенот му асистираше Тричковски а за вториот гол асистент беше Алиоски. Инаку со овие два гола Горан Пандев стигна до бројката од 29 голови во нашата најдобра репрезентација. Со што го прекина постот од шест меча по ред без да постигне гол за репрезентацијата.
Со овие две победи, над Лихтенштајн и Белорусија, секако дека на селекторот Игор Ангеловски ќе му биде многу полесно, и секако дека ќе го подобриме и и ФИФА рејтингот.

Чурлинов го урна рекордот на Сулејманов
Од денеска имаме нов рекордер, барем кога станува за тоа кој е најмладиот репрезентативец во нашата А репрезентација. Тоа е Дарко Чурлинов кој со 16 години 8 месеци е нашиот најмлад фудбалер во историјата. И тој е првиот играч кој е роден во новиот милениум. Селекторот Ангеловски го стави во игра во 82. минута кога влезе во игра место Остоја Стјепановиќ. Со тоа Чурлинов го урна досегашниот рекорд на Тауљан Сулејманов со 17 години и 6 месеци.


ХАЈЛАЈТСИ ОД МЕЧОТ

ГОЛОТ НА СПИРОВСКИ (ОВДЕ)

ПРВИОТ ГОЛ НА ПАНДЕВ (ОВДЕ)

ВТОРИОТ ГОЛ НА ПАНДЕВ (ОВДЕ)

 



Датум: 28.03.2017, 19:52
Статијата е прочитана 4828 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense