| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.01.2017

Маца не се договори со Работнички, Ристовски оди во Риека

„Не успеавме да најдеме заеднички јазик со Алтипармаковски, тој ќе оди во странство. Милан Ристовски ќе оди во Риека каде ќе биде на позајмица до јуни“ вели Драган Поповски, претседателот на Работнички


И дефинитивно Марјан Алтипармаковски нема во пролетниот дел да го носи дресот на Работнички. Иако по само шест месеци се врати од Интер Запрешиќ, иако одработи неколку тренинзи со „романтичарите“ во изминатите неколку денови, тој сепак не да се најде во нападот на составот на Виктор Треневски.
„Не успеавме да најдеме заеднички јазик со Алтипармаковски, тој ќе оди во странство. Ни останува сега да побараме нов шпиц. Додека Милан Ристовски ќе оди во Риека каде ќе биде на позајмица до јуни. Ако задоволи тогаш ќе може да има преговори околу евентуален трансфер“ вели Драган Поповски, претседателот на Работнички.
Тоа значи дека Милан Ристовски во наредните шест месеци ќе се најде во иста екипа со својот постар брат Стефан Ристовски, репрезентативецот на Македонија.

 



Датум: 25.01.2017, 18:07
Статијата е прочитана 4683 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense