| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

18.12.2017

Баже Илијоски се враќа во Работнички!?

Клубот од Градски парк има намера осетно да се засили, покрај Илијоски има шанси да се вратат и Штефан Вујчиќ и Марјан Алтипармаковски

Работнички не се шегува, има намера осетно да се засили во претстојниот зимски преоден рок. И тоа да се засили со познати имиња, со играчи кои некогаш и тоа со успех го носеа дресот на клубот од Градски парк. Како што велат од раководството на Работнички можно е да се вратат Баже Илијоски, Штефан Вујчиќ и Марјан Алтипармаковски.

Баже, Штефан, Маца...

Тоа се пиковите на Работнички во овој зимски преоден рок, со дел од нив имало контакти, а во текот на оваа недела веројатно ќе започнат и преговори. Интересно е тоа што сите тројца играчи се со слободни документи и Работнички нема да мора да дава пари за отштета. Секако дека ќе се преговара само околу платите и личните договори. Баже Илијоски си замина од Пелистер уште пред еден месец, имаше проблеми со здравјето но сега се е во ред. Интересно е тоа што во текот на изминатите денови најмалку два наши прволигаши пројавиле интерес да го ангажираат. Штефан Вујчиќ на 15 јануари си оди од Шкендија, му завршува договорот. Познато е дека имаше тешка повреда но заздрави, почна со тренинзи и во март - април би можел да   заигра на највисоко ниво. Додека со Марјан Алтипармаковски нема никакви проблеми. Тој веднаш би можел да почне на игра за Работнички.

Момците кои го елиминираа Трабзон

Сите овие тројца, Баже Илијоски, Штефан Вујчиќ и Марјан Алтипармаковски, беа дел од оној историски успех на Работнички во тоа лето 2015 година кога под водство на сегашниот селектор, а тогаш тренер на „романтичарите“ Игор Ангеловски, клубот стигна до плејофот во Лигата на Европа. Баже, Штефан и Маца беа меѓу најзаслужните играчи на Работнички кога беше елиминиран еден Трабзонспор. Секако дека, во случај да се ангажираат, Работнички ќе биде осетно засилен во средниот ред но и во нападот. И не само што ќе добие на квалитет, туку и на искуство. А тоа му треба и тоа како на младиот тим на стратегот Горан Станковски.



Датум: 18.12.2017, 10:48
Статијата е прочитана 1674 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense