| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

12.02.2017

И официјално - Абдурахими во нападот на Шкендија (ВИДЕО)

Супер засилување за Шкендија. Бесарт Абдурахими во следните 1.5 години ќе го носи дресот на тетовскиот клуб

Нема шега со Шкендија. Раководството на тетовскиот клуб успеа да го донесе и Бесарт Абдурахими, повремениот репрезентативец на Македонија и фудбалер со богата интернационална кариера. Има само 26 години и ќе биде големо, големо засилување во нападот на „црвено - црните“. Неговиот договор со Шкендија има важност од 1.5 година.

Пред малку се одржа промоцијата на која Бесарт покрај другото истакна...
„Многу сум задоволен што ќе бидам дел од Шкендија. Се надевам дека ќе имам многу успех со новиот тим и едвај чекам да го облечам дресот на Шкендија на официјален натпревар. Верувам дека клубот има сериозен проект и убеден сум ќе успееме да ги оствариме целите.Имаме квалитетен тим и верувам дека брзо ќе се адаптирам затоа што во екипата има неколкумина играчи со кои заедно сме настапувале во репрезентацијата, како што се Ферхан Хасани, Ардијан Цуцули, Арменд Алими, Артим Положани“.

 



Датум: 12.02.2017, 18:05
Статијата е прочитана 5269 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense