| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

27.01.2018

Беласица загуби на тестот со Банско

Иако нашиот тим имаше десетина стопроцентни шанси сепак противникот од слободен удар дојде до водство и победи.


На меч одигран во Сандански, денеска тимот на Беласица загуби од екипата на Банско со 1:0.
По убаво време и терен, двете екипи имаа што да покажат, а струмичани можат да жалат што загубија. Создадоа десетина шанси но не успеаа да искористат ниту една од нив. Наспроти тоа, противникот погоди од слободен удар во второто полувреме и мечот заврши 0:1, за бугарите.
„Задоволен сум од играта и од залагањето на моите фудбалери. Секако дека не можам да бидам задоволен од резултатот, но во моментов тоа и не е така битно. Важно е да се надигруваме, да градиме игра, да ја дигнеме формата на посакуваното ниво“ - вели тренерот на Беласица, Раде Цицмиловиќ.

„Ајдуци“ со Беласица во Бугарија

Верните навивачи на струмичка Беласица, „Ајдуци“ имаа свои претставници денеска на мечот во Сандандски. Иако во мал број сепак, струмичани уште еднаш покажаа колку си го сакаат својот клуб.

 

Беласица: Пашовски,Сулев,Андонов,Јанев,Василев,Божинов,Серафимовски В.Здравков,Начевски,Радојчиќ,Мирцевски
Играа уште: Ѓоргиев Д.Серафимовск, Ј.Џонов,Митевски,Јанков,Ташев,Стојанов,Истатов,Тодоров,Ѓорѓиев П.Костовски.

 

 



Датум: 27.01.2018, 16:34
Статијата е прочитана 625 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense