| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

28.05.2017

Начевски се прости од фудбалот

„Доста беше, имам 37 години и мислам дека време е за простување. Останувам во Академија Пандев во стручниот штаб на тимот“ вели Драган Начевски

Вчерашниот меч меѓу Академија Пандев и Скопје беше последен за Драган Начевски. Еден од нашите најтрофејни фудбалери во историјата на мак - фудбалот со два шампионски пехари и четири трофеи во Купот. Играше за Вардар, Металург, Тетекс, имаше и богата интернационална кариера во Азербејџан, Грција, Кипар и др. Има и 14 настапи во нашата најдобра репрезентација со еден постигнат гол. Раководството на Академија Пандев со пригодни подароци му се заблагодари на својот сега веќе некогашен фудбалер за се она што направи тој за новиот прволигаш.
„Мислам дека доста беше. Имам 37 години и време е за простување од фудбалот. Останувам во Академија Пандев во стручниот штаб каде ќе го учам тренерскиот занает. Благодарание на Горан Пандев овде во Струмица ми е убаво и нема причина нешто да менувам“ ни изјави Драган Начевски.



Датум: 28.05.2017, 10:48
Статијата е прочитана 11194 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense