| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

09.07.2017

Захариевски пред промоција во Пелистер

Шенсои замина, а Захариевски најверојатно го менува на клупата на Пелистер

Срѓан Захариевски најверојатно ќе биде новиот тренер на Пелистер. Според последните информации, стратегот е главен кандидат за преземањето нас функцијата прв човек на струката во Битола откако Наџи Шенсои и официјално го напушти клубот.
Пелистер ги заврши борбите во фудбалска Европа сезонава, загуби во двомечот со Лех Познањ и сега очигледно во екипата ќе има промени. Шенсои замина, тој реално и го оствари своето ветување, го однесе Пелистер во Европа и го освои националниот куп на Македонија.
Од друга страна пак, Захариевски последен пат беше активен во мак фудбалот кога беше тренер на Металург каде имаше успеси и во Европа.



Датум: 09.07.2017, 13:05
Статијата е прочитана 6080 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense