| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

24.10.2017

ФК Скопје: Сезонава судењето ни одзема многу бодови

Од фудбалскиот клуб Скопје реагираат за нефер судење на повеќе натпревари во досегашниот тек на шампионатот

РЕАКЦИЈА НА ФК СКОПЈЕ

По натпреварот со Академија Пандев,  од екипата на Скопје реагираат за нефер судење со кое клубот се соочил на повеќе натпревари во досегашниот тек од првенството.
„Од досегашнтие средби можевме да освоиме повеќе бодови, но грешките ќе ги побараме во нашите редови и преку тренинзи ќе пробаме да ги отстранме. Од дисциплината на нашите фудбалери и нивната коректна игра во целост сме задоволни, бидејќи немаме добиено ниту еден црвен картон за неспортска игра. Затоа, со жалење, управниот одбор, спонзорите, симпатизерите и сите луѓе околу клубот, констатираме дека судењето во овие 11 кола е на штета на ФК Скопје. Во таа насока ФК Скопје ангажираше поранешни судии и контролори и со помош на снимки од одиграните средби, констатиравме спорни моменти на следните мечеви:
- 2. коло со Академија Пандев, класичен прекршок пред примање на првиот гол
- 4. коло недосудени два црвени картони за Пелистер
- 7. коло недосуден пенал против Шкендија
- 8. коло против Победа, непосточеки пенал за противникот и класичен фаул пред вториот гол за Победа
- 10. коло против Силекс, недосуден пенал за Скопје и автоматски црвен картонз за противникот
- 11. коло против Академија Пандев недосуден пенал во 75. минута
Со оглед на сето ова, како и поради тоа што како и сите останати прволигаши е дел од федерацијата, навреме ги подмиирува сите давачаки кон федерацијата и ги исполнува сите услови за натпреварување во Прва лига, ФК Скопје бара адекватен третман како и сите други прволигаши. Во таа насока ќе побараме итен состанок со судиската организација, на кој со видео запис ќе им ги прикажеме спорните моменти кои се навистина премногу во овие изминати единаесет кола на штета на клубот“ – се вели во соопштението на ФК Скопје.

 



Датум: 24.10.2017, 14:18
Статијата е прочитана 1465 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense