| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

09.12.2017

Шишковски си оди после Вардар

Голманот ги смени плановите, ќе одигра уште еден меч за „романтичарите“

Иако се прости од својот матичен клуб Работнички пред неколку денови, Дамјан Шишковски, се уште тренира и ќе биде во комбинација за мечот со Вардар кој се игра на 13 декември. Тоа значи дека дојде до мала промена на плановите кај самиот Шишковски. Инаку има шпекулации дека тој е блиску до преселба кај соседот, во таборот на Вардар. Е сега дали овој трансфер на репрезентативниот голман ќе се реализира или пак тој ќе прифати една од понудите од неколку странски клубови останува да се види во текот на следниот период. Што се однесува до Работнички, сите во таборот на „романтичарите“ наголемо се подготвуваат за соседското дерби кое се игра како што рековме на 13 декември.



Датум: 09.12.2017, 11:57
Статијата е прочитана 3405 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense