| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

17.05.2017

И Лестер го „мерка“ Алиоски

Поранешниот шампион во него гледа замена за Ријад Марез кој што е пред заминување од премиер-лигашот

После германскиот интерес, се шири листата на клубови кои што го сакаат Езџјан Алиоски во своите редови. Најновите информации овој пат доаѓаат од Англија и велат дека доскорашниот шампион Лестер во Македонецот нашле замена за Ријад Марез кој што го напушта тимот по крајот на сезоната, после големиот интерес за него.

За Алиоски има интерес од Херта, Ајнтрахт Франфкурт, Хофенхајм, Баер Леверкузен, а некои информации кажуваат дека бил и на „радарот“ на Борусија Дортмунд.

Зад себе Македонецот има импресивна сезона во швајцарскиот шампионат, со што понудите од ден на ден се повеќе се зголемуваат.



Датум: 17.05.2017, 14:34
Статијата е прочитана 929 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense