| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.04.2017

„Тумбе кафе“ чека финале

По неколку месеци, Пелистер повторно игра на својот стадион. Предноста од првиот меч е добра, но не гарантира успех. Брегалница мисли на финале, но и на опстанок.

Пелистер, конечно, дочека да игра на својот стадион. На „Тумбе кафе“. И тоа го дочека во најбитниот момент. За да го одигра реваншот од полуфиналето на националниот куп на Македонија против Брегалница. Битола одамна чека успех на нејзиниот фудбалски миленик, а Пелистер тешко дека периодов ќе добие поголема шанса. Резултатот од првиот меч гласи 2:2, и тоа е реална шанса Пелистер по четвртипат да се најде во големото финале. Противникот, пак, го нема искусено финалниот меч досега и тоа е предноста на битолчани во овој момент. Тие знаат како се стига до него, за разлика од Брегалница.

ТРИЛИНГ ЗА УСПЕХ НА ПЕЛИСТЕР
Пелистер нема веќе со што да го образложи евентуалниот нов неуспех. Сега е време да се истапи, да се потврдат европските амбиции и да се оствари тој пласман во куп финалето.
„Нам ни е јасно дека ова е многу важен меч. Конечно, велам, конечно сме на нашиот стадион со што се комплетира трилингот за наш успех. А тоа е наш терен, наши навивачи Чкембари и силен и мотивиран Пелистер. Сега ги имаме сите три елементи за успех„ - вели тренерот Шенсои.
 
ШТИП МИСЛИ НА ФИНАЛЕ, НО И НА ОПСТАНОК

Дали штипските „сини“  можат да дојдат со најголемиот куп успех во историјата? Задачата ќе биде исклучително тешка. Првата средба во Штип заврши  нерешено 2-2.  Штипјани  би сакале да се повтори тој резултат   и да се изведуваат  пенали. По традиција, „сините“  имале  доста среќа со изведувањето на пеналите во Купот и во решавачките средби.
„Влогот  е голем и за нас и за Пелистер. Можеби  домашните имаат  предност, но во Купот   е можно  сè. Наш  хендикеп е што  мора да мислиме и на идните противници во првенството. Веќе в недела нè очекува Ренова. Мора да мислиме и на првенството, но и Купот  е наша шанса за  докажување. Во секој случај, очекувам  интересна фудбалска претстава, со голови...“- вели тренерот Никола Кузманов.



Датум: 19.04.2017, 13:51
Статијата е прочитана 1412 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense