| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

20.09.2017

Милевски: Респект за Србија но и ние имаме квалитет

„Сепак и покрај се ние во изминатиот период покажавме исто така квалитет“ вели селекторот на У-21 Благоја Милевски за претстојниот меч со северниот сосед

На 6 октомври во Скопје, нашата млада репрезентација ќе го одигра својот втор квалификациски меч за пласман на ЕП во Италија, ни гостува Србија.
Инаку Србија, несомнено, е најдоброто што се наоѓа во нашата квалификациска група во моментов. Тоа го потврдува и селекторот Милевски.
„За тоа нема дилеми. Според мене, Србија е број еден репрезентација во нашата група. Силна, моќна селекција,  со индивидуалци од Бенфика, Бордо, Ајнтрахт. Секако, респект за противникот, но ние покажавме што можеме во изминатиот период“, вели селекторот.

Подготовките стартуваат на 1 oктомври
Што се однесува, пак, до сервисните информации околу следниот наш натпревар против Србија, подготовките стартуваат на 1 октомври.
„Се собираме на 1 октомври. Ќе одработиме подготовки. Околу составот, засега немаме повреди што е најбитно, а дефинитивно списокот ќе биде за неколку дена“, истакнува нашиот селектор.



Датум: 21.09.2017, 10:38
Статијата е прочитана 1597 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense