| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

10.06.2017

Продадени 20.000 билети за Шпанија!

За северната и јужната трибина на Арената има многу малку билети за утрешниот квалификацикси дуел со Шпанија. Токму најскапите каерти најлесно се продаваат. Најмногу има од оние по 200 денари кои се за позициите позади головите

На 24 часа до пресметката со Шпанија се очекува стадионот да биде полн и нашиот национален тим да има максимална поддршка од трибините. На билетарата на стадионот каде што може да се набават влезници не информираа дека до 19 часот се продадени околу 20.000 билети. Тоа е 2/3 од капацитетот на стадионот затоа што за пресметката со Шпанија пуштени во продажба се околу 30.000 влезници.
Интересот да се навива за Македонија но и да се види Шпанија во Скопје е голем но не и претеран. Нашите фудбалски фанови се научени да се обезбедат во влезница на денот на натпреварот па затоа и се очекува дека денеска ќе „летнат“ и оние 10.000 билети кои сеуште се слободни.
Од билетарата не информираа дека останале уште многу малку влезници и тоа од најскапите. Оние од по 800 денари кои се за централните позиции на северната и јужната трибина. Има многу малку влезници од најевтините, од оние кои се продаваат по 200 денари а се за исток и запад. Билетите од 500 денари за север и југ (блоковите кои не се централни), исто така се речиси продадени.



Датум: 10.06.2017, 21:48
Статијата е прочитана 5048 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense