| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

13.06.2017

„БОМБА“ ОД ИТАЛИЈА : Џенова го сака Дарко Велковски


Тимот на Пандев ќе испрати понуда за услугите на еден од најдобрите играчи во нашата земја

Дарко Велковски, како еден од најперспективните фудбалери од Македонија, би можел да ја продолжи својата кариера во италијанската Серија А. Тимот на Џенова во кој во моментов настапува Горан Пандев, се распрашува за фудбалерот од одбраната и актуелен член на младата и на сениорската селекција, кој игра во Вардар. Велковски летово може да направи голем трансфер и да стане соиграч на Пандев доколку се договорат  двете страни, со оглед дека од италијанскиот клуб најавуваат понуда за неговите услуги.

ЌЕ ГО СЛЕДАТ ВО ПОЛСКА
Џенова ќе има свои претставници како скаути на престојното ЕП во Полска каде што покрај други фудбалери, ќе го следат и настапот на еден од столбовите во одбраната на Македонија.
Велковски се очекува да биде стандарден во селекцијата на Македонија која што е во група со Шпанија, Србија и Португалија во групата. Според најавите, Јуриќ веќе е запознаен со квалитетите на фудбалерот на Вардар и голема е веројатноста да биде ангажиран во овој преоден рок и да стане соиграч на капитенот на македонскиот национален тим.
Доколку потпише, ќе биде третиот Македонец во Серија „А“ идната сезона. Засега сигурни се Горан Пандев со Џенова и Никола Јакимовски со Беневенто, доколку не сменат средина.



Датум: 13.06.2017, 13:44
Статијата е прочитана 9447 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense