| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

20.06.2017

Шкупи преговара со Јасир Асани

Чаирчани се обидуваат да го задржат фудбалерот кој што играше кај нив минатата пролет како позајмен фудбалер од Вардар

Пролетниот дел од изминатава сезона покажа дека Јасир Асани и екипата на Шкупи одлично си одговараат еден на друг. Напаѓачот дојде меѓу чаирчани како позајмен фудбалер од Вардар и во петмесечниот престој во клубот ги освои сите симпатии, од своите соиграчи и стручниот штаб, но уште повеќе од навивачите, кои на практично секој натпревар го скандираа неговото име. Тоа го покажуваат и бројките кои велат дека од доаѓањето во Шкупи во зимскиот преоден рок, Асани секогаш кога беше во можност да игра настапуваше во првиот тим.
Затоа и не треба да чуди што летово, еден од главните приоритети на клупското раководство е да ја продолжи соработката со 22-годишниот фудбалер. Притоа, со оглед на тоа што на Асани летово му заврши догвороот со Вардар, неговото доаѓање во Шкупи нема да биде како досега, односно како позајмен од Вардар, туку тој би потпишал како слободен фудбалер. Разговорите за реализација на таквата можност се во одмината фаза и до почетокот на подготовките, закажани за 29 јуни, би требало да има и дефинитивна потврда дали овј трансфер ќе се реализира или не.


 



Датум: 20.06.2017, 15:16
Статијата е прочитана 2796 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense