| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

04.11.2017

Китановски „тресе“ но и асистира

Томе Китановски беше еден од најдобрите поединци во тимот на Истра на гостувањето кај Цибалија

Томe Китановски продолжува со одличните игри за својата Истра. Поладнево на гостувањето кај Цибалија, тимот на Истра победи со 4:1 а Китановски во 12.минута прво му асистираше на својот соиграч Готал за водство од 2:0, додека десет минути подоцна самиот Китановски со убав волеј удар зголеми на 3:0. Инаку кај победничката екипа играше и Ристе Митревски.
Ова е убав резултат за тимот од Пула кој го мачи финансиски проблеми и што се вели едвај се собра за да го одигра овој меч. Од клубот јавно признаваат за големи проблеми, но и дека се снаоѓаат како знаат и умеат. Но кога се сака тимот и се игра од срце тогаш ништо не е препрека.За неколку дена на истиот терен повторно ќе играат овие два ривали но сега во рамките на Купот.



Датум: 04.11.2017, 17:11
Статијата е прочитана 713 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense