| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

10.07.2017

Македонија да се сети на Аметов

Талентот со потекло од Битола се пресели во Борусија Дортмунд и е дел од У23 тимот на „Милионерите“

Македонската фудбалска федерација во последно време е живо заинтересирана да намами млади играчи од европските земји кои имаат наше потекло и кои секако имаат желба да насташуваат за нашата репрезентација.
Македонски Спорт од поодамна напиша за Бејхан Беко Аметов момчето кое е родено 1998 година досега беше дел од младинскиот состав на Келн и беше соиграч на нашиот Дарко Чурлинов, а нашиот пак младински репрезентативец има само пофални зборови за неговиот сега веќе екс соиграч. Аметов во меѓувреме потпиша за Борусија Дортмунд, и е дел од У23 екипата на „Милионерите“. Секако како еден од најперспективните фудбалери на неговата позиција има настапи за младинските репрезентации на Германија, дури и го носеше дресот со број десет сепак. Сепак, во последно време Аметов е изоставуван од националниот тим, па еве сега повторно шанса за нашиот фудбалски сојуз да го исконтактира Аметов и да започнне повторно преговори тој да ги промени клубските бои. Чурлинов е предводникот на неговата генерација, а засилување како Аметов секако дека добро ќе дојде. 



Датум: 10.07.2017, 16:46
Статијата е прочитана 6417 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense