| контакт | маркетинг
ТЕНИС

19.03.2017

Федерер не е сигурен дека може да биде број 1

Роџер Федерер за неколку часа ќе го игра своето второ финале во 2017 по победата на Австралискиот опен во јануари, и иако признава дека би сакал повторно да биде број 1, вели дека тоа е сон за тенисерот кој беше 17. на стартот на годината

Швајцарскиот „маестро“ направи импресивен кам-бек на тенисот по шест месеци во аут со повреда на коленото, а 35-годишниот тенисер го почна турнирот на 10. место на АТП-листата и ако победи ќе скокне на 7. место.
Сепак, Енди Мареј на првото место бега над 8.000 поени и Федерер смета дека тој и Новак Ѓоковиќ се посигурни облози за првото место.
„Нема да играм толку многу, така што би требал да освојам уште некоја гренд слем титула за тоа да се случи. Има можност, но таа е далечна. И другите ќе го кренат нивото за гренд слем турнирите, така што тоа што Новак и Енди може не играат во Мајами не значи многу. Би сакал да бидам број 1, но ништо друго на рејтинг-листата не ме интересира. Затоа бројот 1 не е приоритет, туку тоа да играм добро и да се чувствувам добро“, вели Федерер.



Датум: 19.03.2017, 15:07
Статијата е прочитана 178 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense