| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

17.03.2017

ПОПОВ: Не потценуваме никого, но одиме по трите бода

Вардар во рамките на 23. коло утре во 14 часот на гостински терен ќе игра против екипата на Македонија Ѓорче Петров.

„Секако дека како и на секој натпревар ние одиме на победа, на три бода. Така ќе биде и против Македонија Ѓорче Петров. Во овие неколку мечеви се покажа дека во нашето првенство не смееме никого да потцениме, и нема да го сториме тоа. Одиме да дадеме максимум и да го добиеме тој натпревар против Македонија. Нашиот противник има неколку млади играчи кои што сакаат да се докажат и ќе бидат мотивирани против Вардар. Сепак, сметам дека сме поквалитетни и дека на крајот низ добра игра ќе успееме да ги освоиме бодовите од ова гостување“, смета дефанзивецот на Вардар, Горан Попов.



Датум: 17.03.2017, 16:22
Статијата е прочитана 1422 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense