| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

02.09.2017

Браво „деца“, Елиф ѕверу

Во арапскиот свет зборот „Елиф“ значи „БУКВАР“. Првата буква во азбуката на арапите им се вика „ЕЛИФ“. Нашиот фудбалски дијамант има и име и презиме – Елиф Елмаз

Фудбалско будење за нашите сениори кои добија победнички насмевки откако со нив се родените херои, момците кои напишаа историја играјќи за младата селекција. Костурот од тој тим на Благоја Милевски сега е тука со големиот Горан Панде. Таквата комбинација не може а да не е добитна. Го видовме вечерва тоа тука во Хаифа. Поразен е Израел. Многу наши генерации немаа победничка формила против оваа селекција. Губевме, губевме... но ете сега на нас ни дојде редот.
Децава, овие наши се фудбалско злато. Има со нив некоја ѕвезда. Играат со срце, знаат како па дури и кога грешат простено им е... Велковски и Муслиу!!! Така е момци. Ете чиста мрежа и одма победа. Секоја чест за Димитровски. Пантер на голот. Николов и Барди знаат како во срцето на теренот. Победедници се тие. Знаат како. Сме немале таков тандем во средниот ред. Пофалби и за Радески и за Зајков. Иако малку играа...
Но бисерот е за на крај. ЕЛИФ ЕЛМАЗ. Какво чувство за фудбал, каков „дијамант“... Ох боже  ти благодариме што токму ние него го имаме. Елмаз – Пандев и одма гол... победа... три бода... Штета што не беа и нема да се долго заедно. Гранде и ЕЛИФ.
Тука во Хаифа научив. Елиф е збор кој во арапскиот свет значи „буквар“. Елиф е и првата буква во азбуката на овој народ. А ние во нашиот фудбал, во националниот тим имаме и Елиф и Елмаз! Ова е детето... Фенербахче знаеше што сака! Елиф ѕверу само така. Само дрско и гази ги...!



Датум: 02.09.2017, 23:13
Статијата е прочитана 4886 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense