| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

04.02.2018


Охеда е жртва на менаџерски игри

*Аргентинецот кој беше на проба во Вардар односно А. Пандев, „заглави“ во Анталија. Во моментов аргентинецот е во А. Пандев, која нема да го ангажира, Вардар не го прима назад, а Охеда нема билет за да се врати во Аргентина. „Заглавен“ во менаџерските игри, и во суровоста наречена современ фудбал


Лукас Мануел Охеда најпрво требаше да биде засилувањето на Вардар од големата Ривер Плата. Барем така беше најавен аргентинецот кога пристигна во кампот на нашиот актуелен шампион и тренираше. Замина со четата ја Чеде Јаневски и во Анталија, одигра и тест средби. Вардар не го ангажираше, па со посредство, Охеда замина во таборот на Академија Пандев, само неколку хотели оддалечен од вардаровиот. И таму иста шема. Пријателска средба, проценка на неговиот и онака сомнителен квалитет и фала многу пријатно. Ама за разлика од сите останати кои дошле и заминале, Охеда е сеуште дел од експедицијата на Академија Пандев во Анталија. Причина? Вардар повеќе не го сака во своите редови, вели нема обврски спрема него, струмичани не го ангажираат, а менаџерот кој воопшто и го довел во Македонија веќе неколку дена воопшто не воспоставува контакт со Охеда. Нашки кажано, „му се крие“. Охеда е класичен пример за фудбалер прелажан од некојси квази менаџер кој одлучил дека ете има капацитет и тој но и самиот Охеда да заигра за Вардар. Ајде што не е по вкусот на Јаневски, ниту Панче Стојанов не го бендиса офанзивецот, но струмичани се доволно човечни да буквално не го исфрлат момчето на улица среде Анталија и да го претворат во бездомник. Како сето ова ќе заврши ќе видиме. Вардар се враќа во Скопје дури в понеделник можеби Охеда ќе се качи на тој авион за да пристигне во Скопје, каде што и всушност и го оставил својот багаж пред да замине за Анталија. Можеби тогаш ќе има малку повеќе среќа и квази менаџерот кој и го вплеткал во сето ова конечно ќе му испрати билет за да може да се врати во Аргентина.
„Навистина е жално да се гледа како едно младо момче кое ете ни криво ни должно, го довеле тука и ете сега нема начин како да си замине. Ние сме тука уште многу кратко, престојува со нас во нашиот хотел, а што ќе биде потоа....„ - се чудат од Академија Пандев.



Датум: 04.02.2018, 10:08
Статијата е прочитана 3273 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense