| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.09.2017

Пивковски со скршеница на ногата

Нов малер за македонскиот репрезентативец. Пивковски има фрактура на стапалото на последниот меч за својот тим Лансдкрона и оди веднаш на операција

Филип Пивковски доживеа нов пех. Ја скрши ногата односно заработи фрактура на стапалото. Повредата не е наивна и тој ќе мора веднаш да замине на операција. Пехот за нашиот интернационалец доаѓа во многу незгоден момент, откако тој, конечно, почна стандардно да игра за својот тим Ландскрона и ги надмина сите проблеми со скинатите лигаменти, неговата претходна тешка повреда. Сега, го чека нова долга пауза, и се надеваме дека тој многу побргу од очекувањата ќе заздрави и ќе направи кам-бек на фудбалските терени. Пивко држи се.



Датум: 19.09.2017, 13:16
Статијата е прочитана 473 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense