| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

03.01.2018

Самсоненко е спортска личност на годината

Секако дека спортска личност на годината е „газдата“ на Вардар, кој што со ракометот го вивна „црвено - црниот“ клуб кон врвот во Европа, а благодарение на него фудбалскиот тим испиша историја


Кога пред четири години, Сергеј Самсоненко се реши да спонзорира во спортското друштво Вардар, поточно во ракометните и во фудбалскиот клуб, малкумина се надеваа дека ракометарите после неколку години ќе се искачат на кровот на Европа. Како одминуваше времето, светската „елита“ беше често во Скопје. Во дресот на Вардар играа(т) едни од најдобрите. Штербик, Абутовиќ, Циндриќ, Карачиќ, Канељас, Македа... Полека но сигурно се градеше силен тим, кој што беше „командуван“ од тренерот Раул Гонзалез во кој што лично Самсоненко имаше голема доверба.
Во миговите кога рускиот бизнисмен почна да вложува во ракометниот тим, фудбалската екипа се уште беше под „капата“ на Град Скопје. Меѓутоа Самсоненко се реши да го земе под свое и фудбалскиот колектив на Вардар. Тогаш ветуваше пласман во групна фаза на екипата за 2-3 години, нешто кое беше остварено со минатогодишниот пласман на тимот во групата „Л“ во Лигата на Европа.
Во изминатата година Вардар ги доживеа своите „ѕвездени“ моменти. Благодарение на еден човек, благодарение на Самсоненко без кој сигурно дека до ова немаше да дојде. Вардар има зад себе незаборавна година, година на паметење, нешто кое се случува еднаш во 100 години. Но, најавата за останување на Самсоненко и во иднина, дава позитивни сигнали дека ова нема да излезе еднаш во 100 години, туку дека ќе се повтори, па, дури успесите може да станат поголеми. Самсоненко сигурно дека нема намера да застане тука. И покрај многуте заминувања, особено од ракометниот колектив, сигурно дека тој има „џокер во ракавот“ и план да се направи уште еден силен тим кој што ќе го повтори минагодишниот успех. И не само тоа, Самсоненко направи „дом“ и за ракометарите, и за фудбалерите. Тоа е за почит, и затоа „Македонски спорт“ сосема јасно и очекувано го прогласува за спортска личност на годината.

Ракометарите ка „покорија“ Европа

Од почетокот на превземањето на г-н Самсоненко на ракометниот клуб, екипата од месец во месец се повеќе се надградуваше. Во „црвено-црниот“ дрес гледавме и сега гледаме познати ракометни имиња. Во Вардар дојде еден Арпад Штербик кој што знаеме што значи во ракометниот Свет. Потоа тука се најдобриот руски ракометар Тимур Дибиров, Самсоненко во Скопје ги донесе Македа, Канељас, Борозан, Абутовиќ, играа Душебаев, дојдоа и Чупиќ, Циндриќ, Карачиќ, Мораеш, Марсениќ... Сите тие во 2017 година ја донесоа таа европска шампионска титула која што привилегија само за најдобрите. Вардар влезе во друштво на Барселона, Кил, Фленсбург, ПСЖ, дојде до „кремот“ на најдобрите. Ваков успех се случува еднаш во еден век.

Девојките ја чекаат само европската титула

Европската титула на девојките требаше да го заокружи минатогодишниот успех на Вардар. Меѓутоа ЖРК Вардар во последните две години доаѓа до завршницата, но никако до пвото место на победничкиот пиедестал. Меѓутоа овој тим нема намера да сопре во обидите да се искачи на европскиот трон, и да го повтори успехот на Кометал Ѓорче Петров таму некаде кон крајот на минатиот век. Оваа година ќе има уште еден обид, се чини дека ќе биде уште едно финале, овој пат со надеж дека титулата ќе заврши во рацете на „црвено-црните“ ракометарки кои дефинитивно имаат сила и квалитет за таков подвиг.

Фудбалерите направија историја

После европската титула на машкиот ракометен тим, и после второто место на ракометарките на Вардар, историската година ја заокружија фудбалерите во „црвено-црно“ кои што кон крајот на август станаа првиот македонски тим кој што се пласираше во групна фаза од едно европско натпреварување. Со триумфот над големиот гигант Фенербахче, Вардар се најде во групата „Л“ во Лигата на Европа. Не е важно што таму мина така како што мина, туку дека конечно, Македонија дочека да ја има и на фудбалската мапа на Европа. Да се најде и нашата земја на картата на оние кои имале свој претставник во една групна фаза. Тоа е огромен резултат, и резултат за почит, резултат кој што ги зголемува апетитите да се повтори и во следните години.

Јавноста се дигна: Сергеј да остане

Разочаран после реакцијата на јавноста пред мечот со Фенербахче, Сергеј Самсоненко во отворено писмо до медиумите објави дека по крајот на сезоната ќе се повлече од финансирање на клубовите Вардар. Сето тоа беше јасен сигнал за јавноста да се крене, навивачите да го скандираат неговото име, да направат голем притисок Самсоненко да остане. Да, затоа што таков човек треба во спортот, треба да има и повеќе такви кои што ќе финансираат и ќе вложуваат.
Пласманот на ФК Вардар во Лигата на Европа, европската титула и „газењето“ во ЛШ и оваа сезона на ракометарите како и на ракометарките, беше причина јавноста да се „сплоти“ и да искаже желба за останување. Самсоненко после дуелите со Фенербахче на прес конференција реќе дека ќе остане и понатаму во Македонија. Реакција која што наиде на одобрување, а веднаш е видливо и по резултатите на сите спортски колективи.

Самсоненко: Ова злато е за Македонија

Да се потсетиме на зборовите на Сергеј Самсоненко по феноменалниот успех на ракометарите на РК Вардар, кога во Келн ја освоија титулата европски првак
„Не можам да го опишам чувството. Никогаш не сум бил толку среќен, толку радосен. Ова е круна на добрата работа на сите во Вардар. Ова злато и го посветуваме на цела Македонија. Радувајте се со нас, а и ние со сите вас. Ова е голема победа, заедничка победа. Се радувам и поради тоа што народот во Македонија слави и е на улиците да се радува на нашата победа....“.

* Повеќе читајте во печатеното издание на „Македонски спорт“


 



Датум: 03.01.2018, 11:45
Статијата е прочитана 1175 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense