| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

23.08.2017

Вардар се засилува со играч од екс Југославија

Станува збор за последен играч за врска, по обичај вардарци молчат. Овој трансфер, ако се оствари, е со помош на Игор Ѓузелов, екс репрезентативецот на Македонија


Како што дознаваме Вардар се засилува со играч од бивша Југославија. Станува збор за последен играч за врска и овој трансфер, ако се реализира, ќе биде со посредство на Игор Ѓузелов, екс репрезентативецот на Македонија. Сепак дали ќе го потпише или не, веројатно зависи од тоа дали Вардар ќе се пласира во групната фаза од Лигата на Европа. Ова значи дека шампионот веројатно ќе продава некој од постоечкиот играчки кадар. Исто така интересно е тоа што Вардар не беше заинтересиран за купување на играчи за врска, особено не за оние кои се последни играчи во средниот ред, но сега како да се менуваат работите. Прво го купи Куајнор од Гана а еве сега уште еден трансфер е на повидок. Навистина чудно...

 



Датум: 23.08.2017, 10:26
Статијата е прочитана 7306 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense