| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

29.10.2017

Вардар и во Кратово не победи, Шкендија скокна на +11 

Продолжува мизеријата на шампионот. Реми во Кратово на дербито со Силекс, домашните утнаа и пенал. На Могила Хасани - Ибраими за уште една победа на Шкендија. Работнички и Скопје со триумфи на свој терен

Не оди па не оди. Накусо тоа е заклучокот за Вардар, кој попладнево во Кратово одигра само 0:0 и дојде само до бод. Да кажеме и тоа дека Силекс во 26. минута преку Тимов не успеа да реализира пенал. Во некоја рака значи Вардар се спасил од нов пораз. Сега по ова реми Вардар е во минус од цели 11 бодови во однос на Шкендија, или +5 ако пресметаме дека шампионот би ги победил Работнички и А. Пандев во заостанатите мечеви.


Шкендија пак на Могила немаше проблеми. Хасани од пенал и Ибраими во самиот финиш стрелаа за 2:0 и за триумф над домашната Победа. Работнички и дефинитивно влезе во победничка серија. По Пелистер и Вардар, денеска „романтичарите“ го победија и Шкупи со голот на Гофри, откако претходно Стјепановиќ и Велинов одилчно комбинираа.


Скопје дојде до првата победа сезонава, со голот на Десниќ уште во првото полувреме „пиратите“ славеа со Пелистер. Вчера на првиот меч од 13. коло Ренова со 3:1 го совлада составот на Академија Пандев.


РЕЗУЛТАТИ 13. КОЛО
СИЛЕКС - ВАРДАР            0:0
ПОБЕДА - ШКЕНДИЈА    0:2

Хасани 9’, Ибраими 90’
РАБОТНИЧКИ - ШКУПИ 1:0
Гофри 45’+1’
СКОПЈЕ - ПЕЛИСТЕР       1:0
Десниќ 35’
ВЧЕРА,
РЕНОВА - А. ПАНДЕВ     3:1
Гафури 27’, Мишковски 36’, Лусао 39’ - Марков 86’

ТАБЕЛА
1. Шкендија 31, 2. А. Пандев (-1) 21, 3. Вардар (-2) 20, 4. Силекс 19, 5. Ренова 17, 6. Работнички (-1)16, 7. Шкупи 15, 8. Пелистер 12, 9. Победа 12, 10. Скопје 9 бодови.




Датум: 29.10.2017, 15:43
Статијата е прочитана 1735 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense