| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

17.09.2017

Му се стемни на Вардар...

Скопје стигна до фантастично реми од 1:1 во дуелот со првакот. „Црвено-црните“ загубија два планирани бода но и Грнчаров кој беше исклучен во 51. минута

Вардар не победи на „Автокоманда“ кај Скопје. Ова се вика сензација на колото во домашниот шампионат. Попладнево првакот се „лизна“ и загуби два планирани бодови кај новајлијата во елитата. Скопје одигра храбро и борбено. Домашните се надминаа себеси и се изборија за сензацијата.
А се беше како треба за Вардар. Фелипе во 26. минута стрелаше за водство на гостите. И кога се очекуваше дека ова ќе бидат лесни „три“ се случи катастрофа. Кикс на одбраната на Вардар, Милош Џугурдиќ ја пресече топката, изби сам и погоди за 1:1
За да биде проблемот за Вардар уште поголем се случи 51. минута кога Бобан Грнчаров заработи директен црвен картон.
Шкендија е победникот на колото. Тетовци го слават киксот на ривалот но и големата и убедлива победа кај Работнички. Огромни 6:2 за „црвено-црните“. Бродот на Работнички потона уште во 5. минута кога дурански играше со рака на гол линијата. Направи пенал и црвен картон. Хасани ја отвара серијата, се надоврза автоголот на Илиев а Тодоровски зголемува на 0:3. Пенал за Марковски за 1:3 но тоа беше само утеха. Шкендија нагази во вториот дел и стигна до „шестка“.
Големи три бода во Кратово за Шкупи кој слави со 0:1, додека Академија Пандев беше блуску до победа во Прилеп но Победа се спаси со голот на Шаркоски за 2:2. Сомнителен момент во 88. минута кога е поништен гол на гостите.
Вчера Ренова славеше над Пелистер. По пет гола имаме најава за чудно и интересно првенстево.

РЕЗУЛТАТИ 5. КОЛО
Скопје- Вардар 1:1
Работнички – Шкендија 2:6
Победа – А. Пандев 2:2
Силекс – Шкупи 0:1
Ренова – Пелистер 1:0

Табела: Шкендија 13 бодови, Пелистер 8, А. Пандев 8, Вардар 7...



Датум: 17.09.2017, 17:34
Статијата е прочитана 2967 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense