| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

05.02.2017

Вардар во Анталија „посилен“ за Спировски

Фудбалерот од средниот ред утринава им се приклучи на шампионите на подготовките во Турција

После две недели престој во Анталија, денеска на подготовките на Вардар во Турција се приклучи Стефан Спировски. Фудбалерот остана во Скопје за да ја излечи повредата на препоните, а од денеска е веќе со екипата.

„Среќен сум што сум повторно со моите соиграчи. Од ден на ден се чувствувам се подобро, и се надевам дека наскоро целосно ќе се вратам на терените“, рече Спировски.

Со тоа Вардар се комплетираше во Турција со оглед дека само Спировски и Асани останаа во Скопје, а Асани во меѓувреме ја смени средината и се пресели во Шкупи.



Датум: 05.02.2017, 09:27
Статијата е прочитана 1555 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense