| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

16.04.2017

Треневски: Победа во која сите треба да уживаме

Тренерот на Работнички не го крие свое задоволство по вчерашниот триумф на неговата екипа со 3:1 над Брегалница

Работнички и натаму гази ли гази во домашниот шампионат. Вчера на Арената во Скопје ја „преплива“ и Брегалница и тоа со 3:1. Убава игра, убава победа.
„Уште една убава победа за нас во која сите треба да уживаме, од претседателот на клубот, играчите, стручниот штаб, раководството. Воедно и многу значајна за нас зошто досега ја немавме совладано Брегалница. На крајот по таа 75.минута можеби малку се опуштивме, можеби и разбирливо зошто на 3:0 сите сакаат да постигнат гол. Момците го дадоа на терен тоа што се бараше од нив, знаеја што сакаат. Но верувајте дека не беше толку лесно како што се гледаше. Брегалница е силен тим, знае да игра добар фудбал и не заслужува да се наоѓа таму каде што е сега“ вели тренерот на „романтичарите“ Виктор Треневски.

Трајчевски е „моторот“ на овој тим...
И на оваа средба Суад Сахити и Душко Трајчевски беа во центарот на вниманието...
„Јас и претходно кажав дека оваа пролет Сахити е одличен, го искажува сиот свој квалитет. За Трајчевски нема што многу да се говори, капитенот игра капитенски, тој е „моторот“ на оваа екипа. Но и другите беа одлични, немам никакви замерки“ заврши Треневски.



Датум: 16.04.2017, 14:39
Статијата е прочитана 1616 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
10.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense