| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

11.12.2017

ФК Тиквеш доби ново раководство, ќе има и нов тренер

Миле Масларков, прославеното ракометно име застана на чело на ФК Тиквеш и ветува далеку подобри денови за фудбалот во Кавадарци. Ќе има и нов тренер, по заминувањето на Крстески најблиску до клупата е Димитковски

ФК Тиквеш викендов и официјално доби нова управа. Нов претседател на клубот е прославеното македонско ракометно име Миле Масларков, кој ја презеде функцијата од сега веќе поранешниот претседател на клубот, Илија Темелков. По завршувањето на есенската полусезона и, секако, со новонастанатата ситуација со локалната самоуправа, беше одлучено клубот да добие ново раководство. Одлуката падна токму на Масларков, кој е едно од највлијателните спортски имиња во Кавадарци. Тој ветува дека клубот ќе застане на далеку поздрави нозе отколку досега, ќе има здрава финансиска конструкција зад себе и ќе заплива во далеку посигурни води.

Прв потег, носење спонзори

Од новата управа на клубот, секако, се очекува најнеопходното. Да се обезбеди здрава финансиска конструкција. Тука, покрај парите што ќе ги обезбеди Општината, ќе мора да помогне и приватниот сектор. Од Кавадарци најавуваат дека во следните неколку дена ќе бидат објавени имињата на новите спонзори на клубот, односно имињата на фирмите што ќе му помогнат во овој момент. Секако, и до овој момент клубот беше еден од подобро финансиски стоечките во оваа конкуренција, а како се работело со парите, ќе треба да каже сега веќе поранешната управа.

Крстески замина, Димитковски на клупата?

Како втор момент, покрај спонзорите, управата ќе треба да доведе нов тренер. Дарко Крстески си замина од клубот и ќе треба да биде доведена негова замена. Тоа, најверојатно, ќе биде Љупчо Димитковски, кој досега го водеше Еуромилк, но не би имал ништо против да го преземе клубот каде што ја започна кариерата и каде што, всушност, најмногу може да даде како стратег.



Датум: 11.12.2017, 17:25
Статијата е прочитана 4680 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense