| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

01.02.2018

Работнички се врати од Анталија


*„Романтичарите“ ги завршија десетдневните подготовки во Турција, попладнево слетаа во Скопје

Експедицијата на Работнички веќе е во Скопје. Откако успешно ги одработија десетдневните подготовки во Анталија, „романтичарите“ се вратија дома каде до 14 февруари, кога стартува пролетниот дел од шампионатот, ќе тренираат на својот спортски комплекс во Градски парк. Инаку Работнички во Анталија покрај вообичаените тренинзи одигра и три пријателски средби. Вчера ремизираше со Мариупол 1:1 (голот го постигна Велинов), а претходно загуби од Кешла со 0:1 и од Габала со 1:2 (голот го постигна Серџио).



Датум: 01.02.2018, 15:58
Статијата е прочитана 524 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense