| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

06.05.2017

А. Пандев ја завери титулата, дербито на Тиквешијата за Тиквеш

Со триумфот над турновци со 3:1, А. Пандев на три кола до крајот и официјално е првак во оваа конкуренција

Академија Пандев го доби дербито на југо-истокот победувајќи го Хоризонт Т со 3:1. Со тоа и дефинитивно стана првак во Втората лига и тоа на три кола до крајот.
Сепак во центарот на вниманието беше спектаклот во Кавадарци каде пред 5.000 гледачи се играше дербито на Тиквешијата. Домашниот Тиквеш во бразилска атмосфера со две навивачки групи, со 1:0 го победи Вардар Неготино и тоа со голот на Дунимагловски од пенал во 23.минута. Следуваше мал прекин на средбата зошто исклучен беше Данаилов од клупата на гостите.
Скопје освои големи три бода во скопската пресметка славејќи над Еуромилк со 1:0. Бодови со кои „пиратите“ си ја подотворија вратата од Првата лига. Новаци на „свој“ терен во Кичево без проблеми славеше над Металург со 2:0. И во последниот меч ова коло одигран во Тетово, домашниот Тетекс со 2:1 го победи Влазерими.

РЕЗУЛТАТИ – 24. КОЛО
НОВАЦИ – МЕТАЛУРГ 2:0
ЕУРОМИЛК – СКОПЈЕ 0:1
ХОРИЗОНТ Т – А.ПАНДЕВ 1:3
ТЕТЕКС – ВЛАЗЕРИМИ 2:1
ТИКВЕШ – ВАРДАР (Н) 1:0
ТАБЕЛА: 1. А. Пандев 59., 2.Скопје 47., 3.Новаци 42., 4.Еуромилк 34, 5.Хоризонт Т 33, 6.Влазерими 28, 7.Металург 26, 8. Тиквеш 22, 9. Вардар (Н) 21, 10.Тетекс 21



Датум: 06.05.2017, 18:20
Статијата е прочитана 3361 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense