| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

28.04.2017

Дарко Велковски во едно сосема поинакво издание

Пет работи кои што не сте ги знаеле за Дарко Велковски

1. Во средата на дуелот против Шкендија, 50-ти пат го облече дресот на Вардар на официјални натпревари
„Среќен сум за јубилејот, меѓутоа тажен за поразот од таа средба. Се надевам дека ќе има уште многу натпревари во дресот на Вардар, многу победи и многу титули. Штета што на овој мој мал јубилеј не победивме, меѓутоа се надевам дека на другите натпревари ќе победуваме и ќе освојуваме бодови. Овие 50 натпревари некако брзо ми поминаа. Имаше повеќе среќни моменти, повеќе победи и се разбира најдраго ми е што успеавме да ја освоиме титулата. Исто така најдраго ми е за оној гол против Динамо, момент кој што долго ќе го паметам во мојот живот и еден од натпреварите кој ќе ми остане во вечно сеќавање.“

2. Не сака изјави пред натпревари
„Еднаш дадов изјава пред натпревар, и на самиот меч одиграв многу слабо, можеби најслабиот меч во мојата кариера. Затоа од тогаш реков дека не сакам да давам изјави пред натпревари. После натпревари може, ама пред мечевите не би сакал. Меѓутоа, ако тоа е неопходно, тогаш ќе морам да ги прекршам зборовите и да се ставам во функција на екипата. Од тогаш само еднаш ми се има случено да давам изјави пред натпревар, и мислам дека на тој меч не настапив“

3. Неговиот брат игра ракомет
„Мојот брат Мартин се одлучи за ракомет, а јас тренирав исто така ракомет и малку кошарка. Тоа беше така поради тоа што во мојата населба немаше школа за фудбал, инаку, знаев дека сакам да се занимавам со тој спорт. Подоцна кога се отвори школа, почнав со фудбал, и еве до ден денеска тренирам. Инаку  мојот брат Мартин исто така сакаше фудбал, меѓутоа немаше талент и продолжи со ракомет. Се радувам на неговите успеси, исто и тој на моите“

4. Ако не би бил фудбалер, би бил ракометар или кошаркар
„Мислам дека добро ми одело и ракомет и кошарка. Како мал ги тренирав овие два спорта и сметам дека би се снашол. Ги сакам овие спортови, меѓутоа за мене фудбалот е број еден. Сум играл и пинг-понг рекреативно, и во тоа исто така мислам дека успешно би се вклопил. Меѓутоа среќен сум што го одбрав фудбалот“


5. Момент кој што долго ќе го памети од тренинг кампот  на ФК Вардар
„Тоа е моментот кога за прв пат дојдов во тренинг кампот со офарбана коса. Се случи пред неколку месеци, и не можам да опишам каква беше реакцијата на моите соиграчи во соблекувалната кога влегов да се подготвам за тренинг. На сите им бев чуден, но како одминуваа деновите, полека се навикнуваа на таа боја на косата. Тоа беше момент кој долго ќе го паметам, и кога ќе се сетам, и самиот се смеам“.

Извор: ФК Вардар



Датум: 28.04.2017, 17:49
Статијата е прочитана 2978 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense