| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

22.06.2017

Вардар пред 65 години го победил Малме!


Шампионот сака реприза. Имено Вардар го има победено Малме со 3:1 на пријателски меч одигран во Скопје


Ова нема да биде прв натпревар помеѓу Вардар и Малме во историјата. Можеби малкумина знаат дека овие два противника се сретнале во далечната 1952 година. На пријателски меч во Скопје, Вардарци беа подобри од шведскиот тим, победувајќи го со 3:1.
Натпреварот се одиграл во декември а Вардар бил предводен од легендарниот Кирил Симоновски - Џина. Натпреварот се играл пред полни трибини, а составот на Вардар бил следниот: Видиниќ, Кокиновски, Д. Георгиевски, Лазаревски, Новаков, Јаневски, Миланов, Геров, Велковски, П. Георгиевски, Цинциевски.
Голем број од овие играчи, беа дел од основањето на тимот во 1947 година.
Сега Вардарци се надеваат на повторување на тој резултат, но со услов да направат добар скор и на првиот меч во Шведска, а потоа да го повторат истиот на реваншот, најверојатно во Струмица.



Датум: 22.06.2017, 10:56
Статијата е прочитана 720 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense