| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

15.09.2017

Најдоски се врати во Вардар

Шампионот Вардар на денешната прес конференција го претстави новиот технички директор, Илија Најдоски.

Она што јавноста долго време го бараше, во Вардар да се вратат легендите со кои клубот ги направи своевремено најголемите успеси полека се остварува. По Панчев, Јаневски, Бабунски, и ред други во ФК Вардар повторно е вклучен и Илија Најдоски. Тој на денешната преф конференција во клубот е претставен како нов технички директор.
„Мило ми е што се враќам во Вардар по 29 години. Што е уште позначајно кам-бекот е во историски моменти, кога Вардар игра во Европа Лигата. Верувам дека со моето знаење и искуство ќе помогнам да бележиме успеси“, вели Најдоски.
Неговиот соиграч од генерацијата што ја освои титулата во Југославија, Дарко Панчев вели дека е среќен што Илија се врати во клубот.
„Мило ми е што Илија е со нас. Се знаеме оддамна и се радувам што е тука. верувам дека со ваков пристап ќе напредуваме во иднина“, изјави Панчев

 



Датум: 15.09.2017, 11:29
Статијата е прочитана 720 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense