| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

15.04.2017

Лидерот рутинирано во Кратово

Актуелниот лидер, а воедно и бранител на титулата во домашниот шампионат, екипата на Вардар дојде до уште еден триумф во првенството, овојпат на гостувањето во Кратово

Шампионот славеше со минимални 0:1, со голот ан Дејан Блажевски кој во финишот на првенството очигледно влегува во форма. Тој погоди во 63. минута, во најдобриот можен момент за гостите.
Од друга страна пак, Шкендија им се врати на победите и тоа на исклучително тежок терен во исклучително тежок момент против исклучително тежок противник. Против Пелистер во Могила. Стрелец Марјан Радески во 82. минута, со што напаѓачот покажа дека местото му е во стартните единаесет. Домашните посакува бодови, но уште еднаш останаа со празни раце. Пелистер на последните шест меча има освоено само еден бод.
Работнички пак супериорен на домашен терен и во целост ја надигра Брегалница. Конечните 3:1, се сосема реален показател на настаните на теренот. Трајчевски отвори, Костов си постигна автогол, а Сахити заокружи на 3:0. Лазе Илиев само ги постави конечни 3:1. Победа исто така остана со празни раце викендов, загуби кај Ренова, а Шкупи изненадувачки не успеа да го искористи домашниот терен како што е тоа вообичаено и одигра само 0:0 против Македонија ЃП.

ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА 0:1
Радески 82’
СИЛЕКС – ВАРДАР 0:1
Блажевски 64’
РАБОТНИЧКИ – БРЕГАЛНИЦА 3:1
Трајчевски 4’, Коцев 18’ (аг), Сахити 52’ - Илиев 75’
МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ 0:0
РЕНОВА - ПОБЕДА 1:0
Гафури 24’

Табела: 1.Вардар 65, 2.Шкендија 54, 3.Работнички 47, 4.Пелистер 37, 5.Силекс 35, 6.Ренова 35, 7.Шкупи 29, 8.Победа 23, 9.Брегалница 19, 10.Македонија Ѓ.П. 18



Датум: 15.04.2017, 18:06
Статијата е прочитана 1168 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense