| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

29.03.2017

Хоф ќе паузира само две недели

Ништо страшно со Хамбарзумјан. По прегледите во Германија востановено е дека повредата на десениот бек на вардарци не била така страшна и дека тој ќе се врати на терените за две недели

Одлична вест за Вардар и пред се за стратегот Гоце Седлоски. Хофханес Хамбарѕумјан не е тешко повреден како што во прв момент се чинеше, дури се стравуваше дека страдале и лигаментите на десното колено за време на еден тренинг на репрезентацијата на Ерменија пред мечот со Казахстан. Па така како што објави официјално Фудбалската Федерација на Ерменија пред еден час, десниот бек на Вардар ќе се врати на зелените терени за десет дена или најдоцна две недели.

 

 

 

 

 

 



Датум: 29.03.2017, 20:50
Статијата е прочитана 1129 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense