| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

23.12.2017

ШИШКОВСКИ ДОБИ ПОВИК ОД „ПАНДЕВ“

Репрезентативниот голман можно е да остане во нашата лига

Дамјан Шишковски повеќе не е дел од тимот на Работнички. Репрезентативниот голман ја заврши одисејата во Градски парк, која траеше повеќе од деценија и сега има на располагање опции каде да ја продолжи својата кариера. Секако дека странство за Шишковски ќе биде прва опција, как што беше случај во времето кога замина во Гент, но од друга страна ниту домашен ангажман не е исклучен. Вардар и натаму се споменува како негова следна дестинација, но засега шампионот не покренува никаква иницијатива со што би го довел голманот во своите редови. Од друга страна пак, Македонски Спорт дознава дека Академија Пандев во меѓувреме се вклучи во трката за потпис и веќе ги направила првите контакти со Дамјан Шишковски. Тој во моментов не мора да брза, има слободни документи, и секако дека ќе ја одбере најдобрата опција за него во моментов.



Датум: 23.12.2017, 17:23
Статијата е прочитана 2816 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense